Дописници Главната награда на годинешниот фестивал „Пеце Атанасоски“ за КУД „Гоце Делчев“ од...

Главната награда на годинешниот фестивал „Пеце Атанасоски“ за КУД „Гоце Делчев“ од Битола

Синоќа на Рудина кај Долнени заврши 41. Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасоски“.
Во конкуренција од околу 300 натпреварувачи од Русија, Србија и од Македонија, главната награда од стручното жири беше доделена на КУД „Гоце Делчев од Битола, а гајдата на Пеце Атанасовски што претставува поединечна награда за најдобар изведувач, која ја обезбедува Општина Долнени, ја доби Драган Трифуновиќ, гајдаџија од Јагодина, Србија.

На затварањето на годинешното 41. традиционално издание на фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасоски“, присуствуваа претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, и потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски.