Култура КУД „Дримкол“ одржа концерт во Азербејџан

КУД „Дримкол“ одржа концерт во Азербејџан

КУД „Дримкол“

Целовечерен концерт на манифестацијата Денови на македонското културно наследство во Азербејџан, синоќа одржа Културно-уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани.

– КУД „Дримкол“ во преполната сала во Агсу ја воодушеви публиката со традиционални игри, изворни песни и носии од различни краишта на Македонија. На концертот присуствуваа значајни личности од политичкиот свет, уметници и претставаници на министерството за култура на Азербејџан. За прекрасниот концерт јавно на сцената се заблагодари и градоначалникот на Агсу, а два часа беа потребни за публиката по концертот да ја напушти салата, во која се сликаше со играорците на „Дримкол“ – соопштија од културно-уметничкото друштво од Вевчани.

Манифестацијата се одржува од 9 до 11 ноември во престолнината Баку и во градот Агсу, кој важи за културна ризница на Азербејџан.