Економија Кучи: Политичката криза да се надмине за да не трпи економијата

Кучи: Политичката криза да се надмине за да не трпи економијата

Ако се земе предвид времетраењето на политичката криза во која се наоѓа Македонија и на тоа се додаде влијанието на остатоците од глобалната светска криза, но и мигрантската криза со која се соочува Европа, перформансите на домашната економија ќе претрпат удар. Неизвесноста кај деловните субјекти, и домашни и странски, влијае врз донесувањето одлуки за инвестиции, посебно капитални, врз бројот на нови вработувања и севкупната потрошувачка – изјави министерот за економија Дритон Кучи кој денеска учествуваше на дебатата на тема „Политичката криза и нејзиното влијание врз економската ситуација во Македонија“, која се одржа на Економскиот факултет на Државниот универзитет во Тетово.

– Растот на македонскиот извоз овој период е најистакнат во ЕУ од 12,2 проценти, а увозот од ЕУ во Македонија е пораснат за 5,5 процент. Втор наш партнер се ЦЕФТА земјите, каде што македонскиот извоз е пораснат за 4,3 проценти – појасни Кучи.

Според него не е исклучено дел од странските инвеститори да ги одложат плановите за инвестирање во Македонија, да го пролонгираат доаѓањето, да инвестираат во земји со слични макроекономски услови, но повисока стабилност.