Култура Крушево е „Град на културата“ за 2023 година

Крушево е „Град на културата“ за 2023 година

Општина Крушево ќе биде организатор на манифестацијата „Град на културата“ во 2023 година, одлучила комисијата по распишаниот конкурс на Министерството за култура

Фото: Општина Крушево

Општина Крушево ќе биде организатор на манифестацијата „Град на културата“ во 2023 година, одлучила комисијата по распишаниот конкурс на Министерството за култура.

На конкурсот биле пријавени и општините Струга и Маврово-Ростуше.

„По извршената евалуација на пријавите, а во согласност со приоритетите, критериумите и мерилата наведени во конкурсот, стручната комисија составена од вработени во Министерството за култура оцени дека Општина Крушево понуди богата програма и издржан програмски концепт, со содржини од различни жанрови, од традиционалното и од современото творештво, со учество на релевантни домашни и странски уметници“, се вели во соопштението на Министерството за култура.

Програмата на општината нудела 62 проекти од сите дејности и учество на многу млади домашни уметници и автори.

Манифестацијата „Град на културата“, иницирана од Министерството за култура, а прифатена и поддржана од општините во државава, почна да се реализира во 2004 година.