Хроника Кривични пријави за групата што го симна македонското знаме во Куманово

Кривични пријави за групата што го симна македонското знаме во Куманово

Против групата што во петокот попладнето го симна македонското знаме на плоштадот во Куманово и горе го закачи албанското, полицијата поднела кривични пријави.

Л.К. (21) и 17-годишно лице, двајцата од селото Слупчане, и две засега непознати лица, добија кривични пријави за предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост и за напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста. Имено, четворицата ги нападнале полицајците кои патролирале и побарале од нив да се легитимираат. Потоа двајцата, засега непознати, избегале.