Хроника Кривична за тројца прилепчани, со туѓа платежна картичка купувале од „Али експрес“

Кривична за тројца прилепчани, со туѓа платежна картичка купувале од „Али експрес“

Полициската станица Прилеп поднела кривична пријава против Б.А. (23), М.Д. (21) и М.П. (27), жители на градот, кои, според пријавата, се товарат за оштетување и за неовластено навлегување во компјутерски систем.

Како што информираат од полицијата, Б.А. на 10 јануари минатата година, на банкомат нашол платежна картичка, која сопственикот ја заборавил, и потоа со другите двајца осомничени повеќепати нарачале производи од интернет-продавницата „Али експрес“.

Според полицијата, осомничените на сопственикот на платежната картичка му нанеле штета во износ од околу 30.000 денари.