Хроника Кривична за светиниколец поради неовластено поседување оружје

Кривична за светиниколец поради неовластено поседување оружје

Полицијата во Свети Николе поднела кривична пријава против 48-годишниот И.А., жител на градот, поради недозволено држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Според полицијата, осомничениот неовластено поседувал три пиштоли, со калибар 9 милиметри, калибар 7,65 и калибар 6,35 милиметри.

При претрес на неговиот дом на 20 ноември годинава, полицијата ги пронашла и ги одзела пиштолите.