Хроника Кривична за кичевец за производство и за дистрибуција на детска порнографија

Кривична за кичевец за производство и за дистрибуција на детска порнографија

МВР поднесе кривична пријава против А.А. (18) од Кичево поради постоење основи за сомневање дека произведувал и дистрибуирал детска порнографија.

Пријавениот, во текот на септември, октомври и на ноември 2014 година, со својот мобилен телефон снимил, зачувал, а потоа дистрибуирал фотографии и видеоматеријал со порнографска содржина од неговата малолетна девојка. Тој, откако на различни локации во Кичево го снимил порнографскиот материјал, преку програмите за интернет-комуникација ги дистрибуирал до поголем број сопственици на мобилни апарати и до ученици во средното училиште во Кичево.