Хроника Кривична пријава за полициски инспектор поради злоупотреба на службената положба

Кривична пријава за полициски инспектор поради злоупотреба на службената положба

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против полициски инспектор од надворешната канцеларија за криминалистички работи во Кочани, поради злоупотреба на службената положба и овластување.

Како што соопшти МВР, инспекторот со иницијали З.С. е осомничен дека „со непреземање на службени дејствија дозволил да застарат кривични пријави со што предизвикал штета на засегнати граѓани од 409.000 денари (околу 6.650 евра)“.

Против полицаецот е поведена и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе биде суспендиран од работното место до завршување на постапката, додаваат од МВР.