Хроника Кривична пријава против кавадарчанец, сторител на голем број кривични дела

Кривична пријава против кавадарчанец, сторител на голем број кривични дела

Единицата за имотни деликти при СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство, со кривична пријава го предаде лицето О.А. (21) од Кавадарци со привремен престој во Скопје, поради основано сомневање дека извршил девет кривични дела.

Во полициска станица бил извршен разговор со сега пријавениот, при што тој го објаснил начинот на кој извршил кривично дело, како и дека дека од 27 август до 27 декември 2015 година, на истиот начин извршил голем број други кривични дела.

Од О.А. биле одземени хебла со кои ги извршувал кривичните дела, како и други предмети (лаптоп, фотоапарат) кои ги имал одземено при вршењето на кривичните дела и им биле вратени на сопствениците.

Инаку О.А. е познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти, за што од страна на СВР Скопје во временскиот период од 2009 до 2015 година му биле поднесени 41 кривична пријава, во Гостивар-10 кривични пријави и во Струга и во Охрид по една кривична пријава.