Македонија Кривична постапка против уште еден член на Левица

Кривична постапка против уште еден член на Левица

Основниот суд Скопје 1 почна судски процес против уште еден член на Левица, Мариглен Демири, поради учество на протестите годинава, соопштија денеска од партијата.

„Режимот не престанува со политичкиот прогон против членовите на Левица. Малку му беше што веќе води судски процес против двајца наши членови, Здравко Савески и Владимир Куновски, па реши да поведе кривична постапка против уште еден член на президиумот на Левица, Мариглен Демири. Ако режимот мисли дека вака ќе нè замолчи – дебело се лаже! Нашата борба за слобода и за социјална правда во Македонија продолжува“, се вели во соопштението на Левица.

Партијата утре во 11.45 часот пред Основниот суд Скопје 1 ќе одржи прес-конференција.