Македонија Кривичен совет: СЈО неосновано ги бара пасошите на Груевски, Јанакиески и на...

Кривичен совет: СЈО неосновано ги бара пасошите на Груевски, Јанакиески и на Трајковски

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја отфрли како неоснована жалбата на Специјалното јавно обвинителство и ја потврди одлуката на судијата да не им одреди мерки на претпазливост на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспрот и врски, Миле Јанакиески, и на градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски, тројцата осомничени во случајот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство.

„Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 донесе решение со кое жалбите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела кои се поврзани и произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) поднесени за лицата М.Ј., Т.Т. и Н.Г., опфатени во предметот на СЈО во јавноста наречен „ТНТ“, против кои судија на претходна постапка со решение од 10 јуни 2016 година не им определи мерки на претпазливост, се одбиваат како неосновани, а се потврдува решението на судијата на претходна постапка“, стои во соопштението на Кривичниот суд.

Против одлуката на Кривичниот совет не е дозволена жалба.