Економија Кредит од 305 милиони евра за Македонија од ЕБОР

Кредит од 305 милиони евра за Македонија од ЕБОР

Еропска банка за обнова и развој

Средства во вкупен износ од 305 милиони евра на Македонија ѝ одобри Европската банка за обнова и развој. Од нив 145 милиони евра се за втората фаза од железничката пруга кон Бугарија, односно Бељаковце – Крива Паланка, и 160 милиони евра се за Програмата за национални патишта.

Од Министерството за финансии информираат дека средствата се добиени со рок на отплата 15 години со грејс-период од четири години и каматна стапка која во моментов изнесува 1,15 проценти.