Свет Европа Кралицата Елизабета ги посети поранешните концентрациони логори во Германија

Кралицата Елизабета ги посети поранешните концентрациони логори во Германија

Британската кралица Елизабета Втора, во текот на последниот ден од нејзината посета на Германија, ги посети меморијалните центри на поранешниот концентрационен логор Берген-Белзен, што, како што оценуваат медиумите, е политички најзначајниот момент од нејзината посета.

Кралицата и нејзиниот сопруг Филип, по лична желба на кралицата првпат го посетиле логорот, кој британската војска го ослободила од нацистите.

Британската кралица во текот на оваа петта по ред посета на Германија во нејзиното 62-годишно владеење, се сретна со германската канцеларка Ангела Меркел и со германскиот претседател Јоахим Гаук, на чиј повик се реализираше оваа посета.

Германските медиуми, во извештаите за посетата на кралицата, укажуваат дека таа, на државната прослава кај претседателот Гаук, на кој присуствувале и британскиот премиер Дејвид Камерон, канцеларката Меркел и шефот на германската дипломатија, Франк-Валтер Штајнмајер, укажала дека поделбата на Европа би била опасна.