Хроника Крадец од куќа на битолчанец однел плен од 1,3 милион денари

Крадец од куќа на битолчанец однел плен од 1,3 милион денари

Крадец вчера провалил во куќа во Битола и однел пари и рачни часовници, информираат од МВР.

Според полицијата, вредноста на пленот била проценета на околу 1,3 милион денари.

Кражбата се случила во периодот меѓу 8.30 и 17.20 часот, кога непознат сторител преку прозорец од визба влегол во куќата, сопственост на Н.Т.(32) и одзел 650.000 денари, 10.640 евра, 300 американски долари и 15 машки рачни часовници.

Полициски екипи извршиле увид на местото и трагаат по крадецот.