Македонија Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ: Насилството пред Собрание е дело на полициски инсталации

Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ: Насилството пред Собрание е дело на полициски инсталации

Драган Ковачки | Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот и член на Извршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите кажа оти вчерашното насилство пред Собранието на РСМ за време на протестите било дело на Министерството за внатрешни работи.

„Ова не е дело на народот, ниту на ВМРО-ДПМНЕ, туку на полициските инсталации на власта кои со предизвикување на инциденти и ескалација, сакаат на брзина да им помине предавството“, рече Ковачки додавајќи дека вчерашното сценарио за насилство го најавил и Ковачевски.

Тој повторно ги повика граѓаните и денеска да протестираат од пред платото на Владата, преку зградата на Министерството за надворешни работи до Собранието „масовно, мирно и достоинствено да кажат „Ултиматум- Не благодарам“.

Единаесет приведени демонстранти и 47 повредени полицајци, Спасовски: Насилството е сериозен удар за демократијата

Инаку, на Ковачки како полковник во АРМ му беше изречена дисциплинска мерка во март 2021 година, покрај другото, и поради порака со закана до началникот на Генералштабот на АРМ, која гласела: „долга е раката на ВМРО“.

Ковачки беше предложен од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за технички министер за внатрешни работи во 2019 година. На предвремените парламентарни избори во 2020 година стана пратеник на ВМРО-ДПМНЕ од Изборната единица 3.

Во синоќешното дивеење се испокршени стакла на собраниската зграда, оштетена е и фасадата (фото)