Македонија Ковачевски со германскиот владин претставник разговарал за уставните измени

Ковачевски со германскиот владин претставник разговарал за уставните измени

Специјалниот претставник на Сојузната Влада на Германија за земјите од Западен Балкан, Мануел Сарацин ја истакна силната поддршка на Германија за евроинтеграцискиот процес на нашата држава, како и за следните чекори, се нагласува во владиното соопштение

Фото: Влада на РСМ

Премиерот Димитар Ковачевски денеска се сретнал со специјалниот претставник на Сојузната Влада на Германија за земјите од Западен Балкан, Мануел Сарацин, кој е во работна посета на земјава, како и со германската амбасадорка, Петра Дрекслер.

На средбата се разговарало за актуелните политички случувања во земјава и за евроинтеграциските процеси и предизвици. Тема на средбата бил и претстојниот процес на носење на уставните измени.

„Премиерот Ковачевски ги истакна заложбите на Владата во насока на остварување на стратешката цел-полноправно членство на Северна Македонија во Европската Унија. Специјалниот претставник на Сојузната Влада на Германија за земјите од Западен Балкан, Мануел Сарацин ја истакна силната поддршка на Германија за евроинтеграцискиот процес на нашата држава, како и за следните чекори“, се нагласува во владиното соопштение.