Македонија Ковачевски: Ристо Пенов има јасни европски определби

Ковачевски: Ристо Пенов има јасни европски определби

Фото: Влада на РСМ

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на собраниска седница го претстави предлогот Ристо Пенов да биде нов министер за локална самоуправа. Тој зборуваше за клучните определби и принципи на работата на Владата и кажа дека создава тим во кој сите, без разлика од која партија или етничка припадност доаѓа, мора да работат и да соработуваат.

„Во една ваква Влада може да има место само за оние кои имаат вистински пиетет кон минатото, но не се заробени во него, кои гледаат подалеку од денес. Евроинтеграциите се стратешката цел на државата, во која ќе се вклучи и Ристо Пенов кој има, исто така, јасни европски определби“, рече тој.

Ковачевски истакна дека Северна Македонија е пред историската шанса, да стане рамноправна земја членка на Европската Унија, а граѓаните да станат европски граѓани, со европски животен стандард и европски квалитет на живот.