Македонија Коцијанчич: Мора да се разјасни кој е одговорен за случувањата во Куманово

Коцијанчич: Мора да се разјасни кој е одговорен за случувањата во Куманово

Европската комисија денеска во Брисел нагласи дека мора да се разјасни кој е одговорен за судирот на полицијата и на вооружените лица во Куманово, за да може Европската унија и Комисија да дејствуваат, нагласи Маја Коцијанчич, портпаролка на еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан.

Таа истакна дека не се примерни забелешките за тоа дека ЕУЛЕКС и ЕУ не ја работат својата работа како што треба на Косово. Коцијанчич нагласи дека е потребна истрага за тоа што се случувало овој викенд во Куманово.