Македонија Котевски нема коментар за денешната „бомба“ за убиството на Нешковски

Котевски нема коментар за денешната „бомба“ за убиството на Нешковски

Портпаролот на МВР, Иво Котевски, и по денешната „бомба“ на опозицијата, посветена на убиството на Мартин Нешкоски, вели дека неговиот коментар за „бомбите“ останува ист уште од објавувањето на првата „бомба“, објави „Нова“.

На прашањето кој е неговиот коментар за случајот Нешковски по денешната „бомба“ на опозицијата, Котевски преку СМС кусо одговорил: „Во врска со бомбите го дадов мојот коментар уште при првото објавување“.

Во февруари годинава, кога СДСМ објави прислушувани разговори каде Котевски вели дека новинарите од „А1“ кои прашуваат за убиено момче на плоштад се „морони“, тој за „Нова“ и тогаш преку СМС-порака одговори дека е подготвен, доколку е потребно, да сведочи пред надлежните судови.