Македонија Котевски дојде на распит во СЈО

Котевски дојде на распит во СЈО

Точно напладне во Специјалното јавно обвинителство продолжи распитот на осомничените во случајот „Талир“, а прв во просториите на обвинителството дојде директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски.

Пред да влезе во СЈО, Котевски не даде изјава за медиумите. Во текот на денот, во обвинителството треба да се појават Илија Димовски, Кирил Божиновски, Мартин Протогер, Александар Бичиклиски, додека лидерот на партијата, Никола Груевски, најверојатно нема да дојде, бидејќи сè уште не ја примил поканата за распит, а според информации објавени во дел од медиумите, заминал со семејството на патување надвор од земјава.

Пред Котевски, денеска во СЈО дојде и поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, кој е осомничен во случаите „Тврдина“ и „Тврдина 2“.