Македонија Костовски: Во обвиненијата на СЈО нема докази затоа што нема криминал

Костовски: Во обвиненијата на СЈО нема докази затоа што нема криминал

Целта на постоење на СЈО e креирање материјал за оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ од страна на медиумите под контрола на СДС, изјави Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ пред просториите на СЈО, додавајќи дека обвиненијата по отворените случаи „се без никакви докази, крајно неаргументирани, со намера да се врши политички прогон инспириран од СДС“.

– Не може да има докази затоа што нема криминал. Сè е една голема конструкција и политичка хајка. Од спектакуларните најави и обвинувања за криминали тешки милијарди евра, остана едно големо ништо. Ниту еден од лицата кои се политичка цел на СЈО не остварил ниту денар противправна имотна корист. Ова не е право и правда, ниту има каква било допирна точка со правото и правдата. Ова е политика – вели Костовски.

Според ВМРО-ДПМНЕ, СЈО е обична политичка алатка со ограничен рок на траење.