Македонија Костовски: Објектот на Цаноски беше дивоградба и тоа го потврдија три вештачења

Костовски: Објектот на Цаноски беше дивоградба и тоа го потврдија три вештачења

Работата на СЈО е селективна и има цел да крева димни завеси секогаш кога матичната партија и Зоран Заев прават пазари со националните и со државните интереси, а во таа насока се и селективните и тенденциозни обвиненија што ги креира за функционери од ВМРО-ДПМНЕ, изјави денеска пред просториите на СЈО, Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Работата на СЈО нема никаква врска со правото. Обвиненијата се поднесени без какви било докази и аргументи. Во случајот „ТНТ“ е урната дивоградба на Фијат Цаноски. СЈО решава да ги исполни желбите на Заев и политички, без докази, поднесува обвинение за случај за кој многу лесно може и сега да се провери дека е дивоградба. Фијат Цаноски, коалициониот партнер на Заев, добил дозвола за да гради два ката подземно, а поради желбата да скрати од трошоци, градел само еден. Откако се соочил со законот, поднел и барање за измена на дозволата за градба, со што практично признава дека направил дивоградба. Целата постапка на уривање е законска. Ако не се урнеше, требаше да не се почитува законот. Беа направени дури три вештачења и сите три потврдија дека објектот е дивоградба и треба да се урне и дека е постапувано законски – вели Костовски.

Тој додава дека целта на СЈО и на Заев не е правдата туку нејзино задушување и дека СЈО е политичка, а не правна алатка која без аргументи, докази и факти, со политичка манипулација води хајка против ВМРО-ДПМНЕ.