Хроника Косовец осомничен за фалсификување идентификациски број на возило

Косовец осомничен за фалсификување идентификациски број на возило

СВР Скопје поднел кривична пријава против косовски државјанин, осомничен дека фалсификувал идентификациски борј на автомобил, информираат од полицијата.

Како што соопштуваат оттаму, станува збор за Љ.Х. (58), кој се товари за две кривични дела, фалсификување исправа и употреба на исправа со невистинита содржина, а судија на претходна постапка му одредил мерка притвор од осум дена.

Косовскиот државјанин, според полицијата, го фалсификувал идентификацискиот број на автомобил „голф 3“ со косовски национални ознаки.