Свет Свет Копилотот управувал со урнатиот авион на „Ер Азија“

Копилотот управувал со урнатиот авион на „Ер Азија“

Копилотот Реми Плесел, по потекло Французин, управувал со авионот на „Ер Азија“, кој леташе од Сурабај до Сингапур, во моментот кога се урна во Јаванско Море, соопшти денеска Комитетот за безбедност во сообраќајот во Индонезија.

Индонезиските истражители ги анализирале податоците од црните кутии, кои снимаат технички податоци за летот и разговорите на пилотите во текот на летот, а прелиминарните извештаи неделава се предадени на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство на ОН.

Копилотот Плесел управувал со авионот, додека капетанот Иријанто, искусен поранешен воен пилот, го надгледувал летот, соопшти главниот истражител Марџоно Сисвосуварно.

Авионот нагло се кренал пред да падне во морето, соопшти истражителот Ертеата Ланангалих.

Авионот на „Ер Азија“ на 28 декември се урна во Јаванско Море со 162 патника и членови на екипажот.