Главна секција Коп: Колку повеќе ја „обојувате“ ЕУ во црно, толку повеќе популарноста на...

Коп: Колку повеќе ја „обојувате“ ЕУ во црно, толку повеќе популарноста на личности како Путин ќе расте

Последните анкети во земјава покажуваат дека најпопуларен политичар во земјава е Владимир Путин, човекот кој предизвика смрт и страдање на десетици илјади украински жени и деца. Најпопуларниот политичар во Северна Македонија! Интересно прашање е, зошто?, вели холандскиот амбасадор во интервју за РСЕ

Фото: Амбасада на Холандија во С.Македонија

Колку повеќе ја „обојувате“ ЕУ во црно, толку повеќе популарноста на личности како Путин ќе расте, предупредува холандскиот амбасадор во земјава Дирк Јан Коп во интервју за Радио Слободна Европа.

„Да зборуваме за популарноста. Последните анкети во земјава покажуваат дека најпопуларен политичар во земјава е Владимир Путин, човекот кој предизвика смрт и страдање на десетици илјади украински жени и деца. Најпопуларниот политичар во Северна Македонија! Интересно прашање е, зошто? И јас мислам дека тоа е така зошто колку повеќе ја ‘обојувате’ ЕУ во црно, толку повеќе популарноста на личности како Путин ќе расте“, вели Коп.

Многу е чудно, вели Коп, дека политичарите во земјата, политичкото лидерство, поддржано од некои медиуми и голем дел од невладиниот сектор ја обвинуваат ЕУ за сè што се случува во земјата, вклучително и тоа дека ЕУ е таа што ја тера Македонија да чека за членство.

„И тоа е многу чудно, зошто после декади на голема поддршка, потребните реформи можеа да бидат спроведени уште пред неколку години. Но, наместо тоа, она што сè повеќе го слушаме се обвинувања за ЕУ или зошто ЕУ нè тера да чекаме повеќе и повеќе, а јас всушност мислам дека оваа земја прави ние да чекаме подолго“, изјавува Коп.