Главна секција Подгответе се за обилен дожд, апелира Координативното тело за управување со кризи

Подгответе се за обилен дожд, апелира Координативното тело за управување со кризи

Координативно тело за управување со кризи предупредува дека во земјава во наредните денови нè очекуваат обилни дождови, кои ќе надминат 30 литри на еден квадратен метар.

Оттаму испратија препораки до локалната самоуправа и до градоначалниците, како и до Центарот за управување со кризи, ЕВН, МВР и до АРМ.

„Градоначалниците да ги стават на готовност сите расположливи ресурси, да ги мобилизираат кризните штабови и во нив да ги вклучат претставниците од ЦУК, ДЗС и од МВР. Градоначалниците кои имаат потреба од дополнителна помош од технички ресурси, да се обратат до Дирекцијата за заштита и спасување. Тие да ги информираат месните заедници за најавената дестабилизација на временските услови, континуирано да се следи водостојот на реките, да се следи и нивото на акумулациите, препорачува Кооринативното тело. Единиците на локалната самоуправа да интервенираат на мостови каде има опасност од задржување големи наноси од надојдените реки. Сите граѓани што сметаат дека се загрозени да се обратат на бесплатниот број 195 на ЦУК, припадниците на МВР и на Министерството за одбрана да бидат подготвени за интервенција, а возачите навремено да се информираат за состојбата на патните правци од АМСМ“, велат од Координативното тело за управување со кризи.