Македонија Координативното тело со нови мерки за најавениот снежен бран

Координативното тело со нови мерки за најавениот снежен бран

Координативното тело денеска на состанокот во Министерството за транспорт и врски донесе неколку мерки кои се однесуваат на новиот снежен бран, кој во следните два дена ќе ја зафати Македонија.

На состанокот е договорено Министерството за внатрешни работи да донесе забрана за движење на тешки товарни возила и на автобуси на патните првци, особено на потегот Гостивар – Охрид доколку врнежите бидат со голем интензитет. Полицијата ќе врши контроли на тој патен правец и ќе проверува дали се носи задолжителната опрема и нема да се пропуштаат возила кои не да ја поседуваат.

На состанокот е апелирано градоначаниците во западниот дел од Македонија да ја подигнат мобилизацијата на највисоко ниво и редовно да се чистат патиштата кои се во нивна надлежност.