Култура Концерт по повод Меѓународниот ден на џезот

Концерт по повод Меѓународниот ден на џезот

Меѓународниот ден на џезот ќе биде одбележан со концерт на отворено, на платото пред трговскиот центар „Скопје сити мол“, в четврток (30 април). На концертот ќе настапат Мартин Ивановски, „Бас енд глас“, Ади, Дино и „Џоле трио“ и „Давид Нешковски трио“.

Годинешната прослава на Меѓународниот ден на џезот ќе биде посветена на прерано починатиот македонски џез-музичар Јовица Јовановски и на кубанскиот перкусионист Оскар Салас.

30 април е прогласен за Меѓународен ден на џезот на Генералната конференција на УНЕСКО во ноември 2011 година. Една година подоцна, во април е организирана првата прослава под лидерство на Херби Хенкок, една од легендите на светската џез-сцена и амбасадор на добрата волја на УНЕСКО.

Концертот е со почеток во 18 часот и ќе биде бесплатен. Организатори на настанот се „Баги комуникации“ и „Скопје сити мол“.