Култура Концерт на Крсте Бадаровски во Прага

Концерт на Крсте Бадаровски во Прага

Вечер во палатата „Палфи“ во Прага, македонскиот пијанист Крсте Бадаровски, кој живее и работи во Чешка,  ќе одржи концерт. Ќе бидат изведени дела од чешка и од македонска класична музика.

Концертот е по повод одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Република Македонија и Чешката Република.

Бадаровски досега има настапувано во Чешка, Италија, Србија, Хрватска и во Македонија, а добитник е на неколку државни и на меѓународни награди и признанија, меѓу кои прво место во Србија и второ место на меѓународен натпревар во Њујорк.