Култура Концерт на Гоце Стевковски во Битола

Концерт на Гоце Стевковски во Битола

Во Центарот за култура во Битола, в сабота, музичарот Гоце Стевковски-Септет ќе одржи концерт насловен „Седум приказни“.

Стевковски е македонски тапанар и перкусионист. Соработувал со Кирил Џајковски, групите „Леб и сол“, „Архангел“, „Ласт експедишн“, „Фолтин“, „Егзија оркестра“, со Зоран Маџиров и со други музичари.

Учествувал на голем број интернационални фестивали, како што се „Егзит“, „Пиво-фест“ во Белград, „Клузоне џез-фестивал“ во Италија, гостувал во Париз и во други европски градови, а има настапено и во „Опера хаус“ во Канада.

Соработувал на голем број проекти, театарски претстави и музика за филмови.