Култура Концерт на дубровничкиот хор „Либертас“ во Охрид

Концерт на дубровничкиот хор „Либертас“ во Охрид

Дубровничкиот Мешан хор „Либертас“, вечерва, со почеток во 19 часот, ќе се одржи бесплатен целовечерен концерт во Католичката црква во Охрид. Хорот ќе изведе композиции од духовната и од оперската музика.

Мешаниот хор „Либертас“ е важен дел од богатото културно живеење на градот Дубровник и е основан во 1980 година.

Концертот е дел од богатата македонско-хрватска културна агенда.