Македонија Контрола во слаткарница откако дете се задушило од торта

Контрола во слаткарница откако дете се задушило од торта

Откако вчера загрижен родител поднел претставка до Агенцијата за храна и ветеринарство, за појава на задушување кај неговото дете откако изело торта купена во скопска слаткарница, денеска беше спроведена детална инспекциска контрола.

Според наводите во претставката, информираат од АХВ, до задушување на детето дошло поради присуство на парчиња стиропор во тортата.

„Резултатите од направената контрола од инспекторите за храна, по поднесената претставка од потрошувачот, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе ги добие најрано во текот на утрешниот ден“, стои во соопштението од АХВ.