Дописници Контејнер (г)дом за градоначалникот Талески

Контејнер (г)дом за градоначалникот Талески

Битолчани со контејнер на кој пишуваше „гдомот на градоначалникот“ и денеска излегоа на протести, барајќи оставка од аболираниот Владимир Талески, осомничен за криминал.

Од плоштадот Магнолија, демонстрантите повторно се насочија кон зградите на судовите во Битола кои ги обоија со боите на „Шарената револуција“ и оттаму зедоа контејнер за да го остават пред Општина Битола.

Според едни, контејнерот беше симбол за тоа каде му е местото на Талески, а според други присутни на протестот, бидејќи Талески има „мерак“ на станови, демонстрантите само му покажаа каков стан заслужува еден аболиран криминалец, кој го штитат приврзаниците на движењето ГДОМ.

Протестот помина мирно и без инциденти.