Култура Конкурс за најдобра филмска критика на „Синедејс“

Конкурс за најдобра филмска критика на „Синедејс“

Од прес-конференцијата за „Синедејс“

Конкурс за најдобра филмска критика распиша Фестивалот на европски филм „Синедејс“, а рокот за пријавување е до 12 ноември 2014 година.

Конкурсот е од отворен карактер, а добредојдени се сите млади  на возраст до 35 години, кои би сакале да го прикажат својот потенцијал и талент за пишување во овој специфичен новинарски израз.

Текстовите не би требало да се подолги од една страница, односно повеќе од околу 70 реда текст, а секој од пријавените може да испрати максимум три рецензии.

Наградата за најдобрата филмска критика ќе изнесува 20.000 денари, а ќе ја додели тричлено жири. Конкурсот важи само за филмовите во натпреварувачките програми на фестивалот, официјалната селекција, како и селекцијата „Сине Балкан“.

Заинтересираните може да се пријават на следнава електронска адреса: contact@cinedays.com.mk

Oваа година, 13. издание на фестивалот на европски филм ќе се одржи во периодот од 13 до 22 ноември.