Македонија Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ бил поместен поради стратешки и безбедносни причини?

Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ бил поместен поради стратешки и безбедносни причини?

Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, кој првично беше најавен за 9 мај, е поместен една недела порано „од стратешки и безбедносни причини“, дознава „Мета“.

Од ВМРО-ДПМНЕ официјално негираат дека преместувањето на конгресот за 2 и за 3 мај е поврзано со најавените протести на опозицијата.

– За датумот за одржување на конгресот одлучува Централниот одбор. Неговото одржување нема никаква врска со најавените протести на опозицијата – ни изјави Александар Бичиклиски од ВМРО-ДПМНЕ.

Петнаесеттиот партиски конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи в сабота и в недела во Куманово, а на него ќе присуствуваат 560 делегати, избрани по различни основи.

На овој конгрес треба да се избере претседателот на партијата, а рокот за поднесување кандидатура е до петок, до 15 часот, во партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.

Кандидатурите се поднесуваат со поддршка од најмалку 30 делегати.