Свет Европа Конгресот усвои резолуција за испраќање оружје на Украина

Конгресот усвои резолуција за испраќање оружје на Украина

Американскиот Конгрес ја одобри резолуцијата во која американскиот претседател Барак Обама повикува да ѝ се помогне на Украина во борбата против проруските бунтовници, праќајќи ѝ оружје.

Одлуката е изгласана со 348 гласа „за“ и со 48 „против“. Сепак, гласањето е симболично бидејќи одлука за праќање оружје во Украина ќе се донесе само во Белата куќа.