Свет Конгресмени бараат Обама да ја тргне тајноста од извештајот за 11 септември

Конгресмени бараат Обама да ја тргне тајноста од извештајот за 11 септември

Група американски конгресмени од двете партии побараа од Белата куќа да ја тргне ознаката за тајност на 28 страници од извештајот на Комисијата за истрага на нападите од 11 септември.

Конгресмените од Барак Обама побараа да дозволи пристап до документите за 11 септември. Во тој дел од извештајот, наводно, се говори за поврзаноста на Саудиска Арабија и на Ал Каеда.

Дваесет и осумте страници добија ознака доверливо за време на мандатот на претседателот Џорџ Буш, а актуелниот претседател Обама досега не реагирал на апелите да станат достапни за јавноста.

Како што пренесува „Раша тудеј“, иако не е познато што пишува на тајните станици, неколку поранешни конгресмени неофицијално изјавиле дека тие „добро ја илустрираат врската на властите на Саудиска Арабија и на некои терористи од Ал Каеда, одговорни за нападите на Светскиот трговски центар и на Пентагон од 2001 година“.