Дописници Конференција во чест на свети Климент Охридски

Конференција во чест на свети Климент Охридски

Меѓународна конференција во чест на илјада и стогодишнината од блаженото упокојување на великиот ученик на светите браќа Кирил и Методиј, се одржува од денеска до 22 октомври во конгресниот центар во Охрид. Настанот е насловен „Свети Климент Охридски – Милоста и милосрдието во Библијата и во црквата“ и е дел од државната програма за одбележување на јубилејот од неговото упокојување.

Конференцијата е организирана од православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ од Скопје, а се одржува под покровителство на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје.

На конференцијата учествуваат научници и теолози од богословските факултети при универзитетите од Букурешт, Рим, Загреб, Белград, Санкт Петербург, Софија, Солун и од Скопје.
Мегу другите, обраќања ќе имаат д-р Ѓорге Иванов, претседател на Република Македонија, проф. д-р Никола Јанкуловски, ректор на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, и архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.