Економија Комплексот „Македонско село“ во Нерези од утре нема да работи

Комплексот „Македонско село“ во Нерези од утре нема да работи

Комплексот „Македонско село“ во Нерези од утре се затвора, информираше менаџментот на фејсбук-страницата на комплексот.

„Ве информираме дека менаџментот на комплексот „Македонско село“ донесе одлука за затворање на Комплексот и истиот престанува да работи од 18.10.2018 (четврток).Ви благодариме за сите заеднички моменти, убави спомени и посети во изминатите години“, пишува на фејсбук-страницата.

Комплексот беше даден на 20-годишна концесија на поранешниот градоначалник на Општинa Центар и бизнисмен Владимир Тодоровиќ. Инвестицијата е на поранешната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и изнесуваше 6,5 милиони евра.Причините за затворањето на комплексот, за кој Тодоровиќ беше обврзан да плаќа кирија од 3.500 евра, се уште не се познати.

ЈСП воведе бесплатни автобуски линии до „Македонско село“ за време на викенди, со цел, поголема туристичка промоција на местото.