fbpx

Вистиномер: Употребата на зборот „македонско“ не е забранета и ова не е причината за затворањето на комплексот „Македонско село“

-

 

Во еден предизборен процес кандидатите за разни државни позиции имаат тенденција да станат големи патриоти, до тој степен што почнуваат да судат и за „патриотизмот“ на противкандидатите само за да добијат политички поени на грб на популизмот кој го комбинираат со нездрав патриотизам. Па така, кандидатката за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во објава на „Фејсбук“ ја „обвинува“ претходната власт за затворањето на комплексот „Македонско село“, алудирајќи на Преспанскиот договор. Вакво нешто не стои во Преспанскиот договор, а ова не го тврди ни поранешниот менаџерски тим на овој комплекс.

Автор на рецензираниот текст е Велика Стојковска Серафимовска, воедно и кандидатка за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во првата изборна единица. Таа  напишала информации кои не се вистинити и на овој начин направила таа да изгледа што поголема патриотка во очите на гласачите, а портал истиот статус го презел без да ги провери фактите.

Во овој напис, кандидатката за пратеничка Велика Стојкова Серафимовска зборува за затворање на комплексот „Македонско село“. Меѓутоа, таа вели дека овој комплекс е затворен од поранешната Влада на РСМ, што не е вистина. Овој комплекс беше затворен од страна на самиот негов менаџмент без да се дадат конкретни образложенија за затварањето.

Освен ова, авторот на овој напис, Велика Стојкова Серафимовска, вели дека “им пречел зборот Македонско, Македонска архитектура, вечната Македонска традиција. Како и многу странски туристи кои оттука учеа многу Македонски истории” на тие што го затвориле.

На овој начин, таа алудира на Преспанскиот договор и вели дека на властите им сметал терминот “Македонско” и поради ова е затворен комплексот. Мало потсетување: во 2018 година кога и се затвори овој комплекс, Преспанскиот Договор уште не беше потпишан.

Исто така, читателите треба да бидат информирани дека во ниту еден член на Преспанскиот Договор не се забранува користењето на зборот “Македонско”.  Членот 7 на овој договор гласи вака:

„Поимите „Македонија” и „Македонско” се реферираат на различниот историски контекст и културно наследство”. Исто така, во овој член се вели дека овие поими ја означуваат територијата, јазикот, народот на РСМ и нивните карактеристики со нивната историја, култура и наследство.

Затоа, главните причини зошто се затворил комплексот “Македонско село” се сеуште непознати за широката јавност, но едно е сигурно, ова не се случило поради тоа што овој комплекс во неговото име го содржел зборот “македонско”.

За време на предизборната кампања читателите ќе се соочат со разни патриотски написи, во кои одредени политичари ја користат познатата тактика на “повикување на емоции”.

Оригиналниот текст може да се види тука.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...