Македонија Компанија за санитетски материјали ќе гради фабрика во економската зона Марино –...

Компанија за санитетски материјали ќе гради фабрика во економската зона Марино – Кадино

Компанијата за санитетски материјали за медицински цели „Тосама трејд“ постави камен-темелник за изградба на деловен магацински објект на површина од 1.000 квадратни метри во локалната економска зона Марино – Кадино во Општина Илинден, пренесе „Порта 3“.

Вредноста на инвестицијата, според проценката на „Тосама трејд“, ќе изнесува повеќе од 500.000 евра, а објектот треба да биде готов напролет.

„Тосама трејд“ досега вршеше само дистрибуција на производите на словенечкиот партнер во Македонија „Тосама“, меѓутоа со своето проширување во новите простории во Општина Илинден, бизнис-проекцијата опфаќа почнување со производство, односно со доработка на производите, стерилизација и со пакување, со лиценца на компанијата што ја претставуваат.