Економија Компаниите од преработувачката индустрија најтешко ги враќаат кредитите

Компаниите од преработувачката индустрија најтешко ги враќаат кредитите

Нефункционалните кредити одобрени на претпријатијата имаат најголемо учество во вкупните нефункционални кредити. Меѓу нефункционалните кредити на претпријатијата, највисоко е учеството на кредитите одобрени на клиенти од преработувачката индустрија, 36 проценти, покажува анализата на Народна банка.

– На 30 јуни 2014 година, нефункционалните кредити кон клиентите од преработувачката дејност, производство на метали, машини, алати и опрема, учествуваа со 11,2 проценти во вкупните нефункционални кредити кон секторот претпријатија. По нив следат нефункционалните кредити кон претпријатијата од другите преработувачки дејности, прехранбена индустрија со учество од 10,9 проценти во вкупните нефункционални кредити кон претпријатијата, хемиска индустрија, производство на градежни материјали, производство и преработка на горива со учество од 6,4 проценти, текстилна индустрија и производство на облека и на обувки со учество од 4,1 отсто и друга преработувачка дејност со учество од 3,4 проценти – се вели во анализата на Народна банка.