Спорт Компани се повреди, Манчестер сити ослабнат

Компани се повреди, Манчестер сити ослабнат

Белгиецот се пожали на болки во мускулот

Манчестер сити ги загуби речиси сите шанси за пласман во нокаут-фазата од Лигата на шампионите со поразот од ЦСКА Москва, а дополнителен проблем за Мануел Пелегрини претставува повредата што на тој меч ја заработи капитенот на тимот, Винсент Компани.

Белгиецот се пожали на болки во мускулот, а деталните прегледи покажаа дека ќе му биде неопходна пауза за целосна рехабилитација, што значи дека најдобриот дефанзивец на англискиот првак нема да биде во комбинација за дуелот со Квинс парк ренџерс.