Македонија Командантот на НАТО за Европа, генерал Скапароти во посета на Македонија

Командантот на НАТО за Европа, генерал Скапароти во посета на Македонија

Командантот на Командата на американските сили во Европа и Врховната команда на НАТО за Европа, генерал Куртис Скапароти денеска престојува во посета на Македонија.

Тој ќе се сретне со премиерот Зоран Заев. Претходно, генерал Скапароти официјално ќе биде пречекан во Министерството за одбрана, каде ќе има средба со делегација на МО и Армијата, предводена од министерката за одбрана Радмила Шекеринска. По средбата, генералот Скапароти ќе ја посети касарната „Илинден“, каде ќе биде изведена и показна вежба.

Командантот на американската војска во Европа во обраќањето пред Сенатот во март изрази загриженост околу потенцијални нови немири на Балканот.

– Регионот за кој што сум загрижен денеска е всушност Балканот. Русија работи на Балканот, а ние на некој начин веќе не внимаваме на регионот, кажа генералот.

Тој тогаш во сослушување пред сенатскиот Комитет за вооружените сили нагласи дека Русија се обидува да поттикне немири ширум Балканот, преку кампања за дезинформирање на локалното население.

– Ова е област во која што можеме да имаме проблеми во иднина – оцени тогаш генералот.

Скапароти на почетокот на месецов беше во посета на Турција.