Свет „Кока-кола“ почна да продава млеко

„Кока-кола“ почна да продава млеко

Од минатата недела „Кока-кола“ почна да продава млеко во американските супермаркети. Според компанијата, станува збор за млеко со врвен квалитет, бидејќи не содржи лактоза и поседува многу повеќе протеини и калциум.

Млекото „фер лајф“ (FairLife) се продава по цена од околу четири евра за еден литар, што предизвика револт кај потрошувачите. Два литра, пак, стандардно млеко во САД чини околу 1,8 евра.