Главна секција Кој, што и до кога треба да направи ако Собранието се распушти...

Кој, што и до кога треба да направи ако Собранието се распушти денеска

Ако вечерва Собранието се распушти, според Уставот, изборите мора да се одржат во рок од 60 дена – на 5 јуни. Собранието може да работи до вечерва по полноќ, по што спикерот Трајко Вељаноски треба да констатира распуштање.

Ситуацијата дополнително ја заплеткаа техничките министри и дополнителните заменици министри од СДСМ кои денеска поднесоа оставки на функциите во Владата.

Собранието треба нивните оставки да ги констатира во наредните седум часа.

Еве кои други датуми и термините треба да се испочитуваат:

  • 17 април – Државната изборна комисија мора да го стави избирачкиот список на јавен увид;
  • 6 мај – Државната изборна комисија треба да ги објави описите на изборните единици;
  • 12 мај – Завршува јавниот увид во избирачкиот список;
  • 13 мај – Треба да бидат објавени листите на пратеници во дневниот печат;
  • 16 мај – Почнува изборната кампања која ќе заврши на 4 јуни;
  • 17 мај – ДИК ќе им го достави избирачкиот список на политичките партии, а тие, пак, во рок од пет дена, до 19 мај, мора да достават барање за запишување, дополнување или бришење податоци;
  • 21 мај – ДИК го потпишува избирачкиот список, односно изводите од избирачкиот список на кои се гласа;
  • 2 јуни – Државната изборна комисија треба да го предаде изборниот материјал на општинските изборни комисии;
  • 4 јуни – Општинските изборни комисии се должни да го предадат изборниот материјал на избирачките одбори на територијата на Република Македонија;
  • 4 јуни – Завршува изборната кампања;
  • 5 јуни – Ден на предвремени парламентарни избори.