Култура Книга со песни „Меѓу две неба“ за поетско Велестово

Книга со песни „Меѓу две неба“ за поетско Велестово

Во издание на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“ и на „ПНВ – публикации“, од печат излезе книгата „Меѓу две неба“, со содржини инспирирани од настаните во изминатите 26 години. Илустрирана е со фотографии од архивата на манифестацијата.

Делото го подготви и предговорот го напиша Славе Ѓорѓо Димоски, жител на селото и основач на познатата поетско-ликовна манифестација.

Во книгата содржани се стихови од македонски поети Петре М. Андреевски, Матеја Матевски, Гане Тодоровски, Богомил Ѓузел, Михаил Ренџов, Ристо Јачев, Владимир Мартиновски, Ефтим Клетников, Братислав Ташковски, Глигор Стојковски, Кире Неделковски, Тоде Илиевски, Зоран Јакимоски и други, а од странските застапени се Патрик Котер, Миљурко Вукадиновиќ, Роман Кисјов, Лука Бенаси,Татјана Даниљанц, Ерол Туфан, Винченцо Бјанки, Сим Кера, Марам Ал Масри, Жењко Миловиќ, Поли Муканова, Тања Бакиќ и други.

Песните на поетите гости од странство се објавени двојазично.