Спорт Кливленд ја прекина серијата порази

Кливленд ја прекина серијата порази

Екипата на Кливленд кавалирс на домашен терен го совлада тимот на Орландо меџик со 106:74 и ја прекина серијата од четири порази, благодарение на Леброн Џејмс, кој дојде до дабл-дабл учинок од 29 поени и од 11 асистенции. На спротивната страна, Виктор Оладипо запиша 22 поени и девет скока.
Кошаркарите на Хјустон ја забележаа единаесеттата победа сезонава, откако пред своја публика триумфираа над Њујорк со 91:86. На натпреварот се повреди Кармело Ентони, кој пред крајот на првото полувреме го напушти паркетот. Чикаго славеше над Јута со тесна победа од 97:95, по враќањето на Дерек Роуз кој поради повреда пропушти четири натпревари. Ла Маркус Олдриџ постигна 33 поени и имаше 11 скока на натпреварот помеѓу Портланд и Филаделфија, во кој „блејзерс“ славеа со 114:104. Индијана славеше во Тексас кај Далас со 111:100, Торонто го совлада Феникс со 104:100, а Шарлот загуби од ЛА клиперс со 92:113.