Македонија Клиниката за гастроентерохепатологија најдобра во 2014 година

Клиниката за гастроентерохепатологија најдобра во 2014 година

Универзитетска клиника за гастроентерохепатологија постигнала најдобрите резултати во 2014 година според резултатите од имплементацијата на системот „Баланс скор кард“.

Оваа клиника ги исполнила сите критериуми, односно работела без долгови, не го надминува буџетот за медицински потрошен материјал, поттикнува воведување нови интервенции на работа и, според спроведените анкети, пациентите се задоволни од здравствените услови, информираше министерот за здравство, Никола Тодоров.

Кај здравствените домови меѓу најдобрите пет се издвоија здравствените домови во Валандово, Скопје, Берово, Делчево и во Пехчево.

Меѓу специјалните болници, најдобри постигнувања има Специјалната болница за белодробни заболувања и туберкулоза – Јасеново.

Министерството за здравство четирипати годишно ќе врши евалуација на успешноста на јавната здравствена установа во остварувањето на „Баланс скор кард“.